Утрински Весник
Свет

Белата куќа загрижена за здравствената состојба на Навални

Белата куќа загрижена за здравствената состојба на Навални

Белата куќа денес објави дека извештаите дека здравствената состојба на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални се влошува се многу вознемирувачки и ги повика руските власти да се грижат за неговата безбедност и здравје.

„Вознемирени сме од извештаите дека здравствената состојба на г-дин Навални се влошува. Ги повикуваме руските власти да ги преземат сите неопходни мерки за да ја осигурат неговата безбедност. Додека тој е во затвор, руската влада е одговорна за неговата здравствена состојба“, рече на прес-конференција портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека адвокатите на Навални, кој штрајкува со глад, денес кажале дека неговата здравствена состојба се влошува и дека е негативен на коронавирус откако добил симптоми на инфекција.

Имено, Навални претходно изјави дека има температура од 38,1 и силна кашлица, како и дека тројца од 15-те затвореници од неговата околина се хоспитализирани во затворот во регионот Владимир, бидејќи се сомневаат дека имаат туберкулоза.

Судот во Москва денеска ги олесни условите за домашен притвор за братот на затворениот опозиционер Алексеј Навални и неколкумина негови приврзаници, објави групата за набљудување на протестите „ОВД-Инфо“.

Ројтерс пренесува дека Олег Навални, Љубов Собол, Људмила Штајн и Константин Јанкаускас првично биле ставени во домашен притвор за непочитување на мерките против Ковид-19, за време на протестите организирани за поддршка на Навални во јануари.

Агенцијата наведува, повикувајќи се на ТАСС, дека московскиот суд им забранил да ги напуштат своите куќи со ново решение само во периодот од 20 до 6 часот наутро.

Можете да прочитате

Канада му кажа на Израел дека конфликтот со Иран не смее да се прошири во регионот

Њујорк: Двајца полицајци загинаа во престрелка

Советник на ИРГЦ: Иран нема да покаже воздржаност доколку „непријателската агресија“ ги премине црвените линии