Утрински Весник
Спорт

Без хрватски клубови во АБА 2

Без хрватски клубови во АБА 2

Без екипа од Хрватска ќе се игра оваа сезона во АБА2 лигата. Македонски репрезенти во втората дивизија на регионалната кошарка ќе бидат МЗТ и Пелистер.

Хрватска требаше да ја претствува Горица, меѓутоа клупските челници решиле оваа сезона екипата да се натпреварува во Алпе Адрија куп. Во ова натпреварување играат екипи од Австрија, Полска, Словачка, Чешка и Словенија.

Покрај Горица уште два тима од Хрватска ќе играат во ова натпреварување, тоа се Шибенка и Адриа оил.

Сигурни учесници во АБА2 се МЗТ и Пелситер односно, Борац Бања Лука, Ловќен 1947, Хелиос Санс, Младост, Подгорица, Рогашка, Спарс, Сутјеска и Војводина. АБА лигата треба да упати уште три покани за учество, со што лигата би бројала 14 екипи.

Клубовите кои ќе добијат и ќе ја прифатат поканата ќе треба да и платата на лигата 50.000 евра.

> Без хрватски клубови во АБА 2 <

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката