Утрински Весник
Македонија

(Видео) Васев: Мицкоски да ги осуди протестите каде лекарите се нарекуваа „убијци“

(Видео) Васев: Мицкоски да ги осуди протестите каде лекарите се нарекуваа „убијци“

Од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан Мицкоски во текот на целата пандемија со коронавирусот видовме само деструктивно, неодговорно однесување, прекршување на мерките, опструкции и поткопување на здравствениот систем, oбвини Стефан Васев од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо почитување на мерките, поддржуваа протести на кои здравствените работници, се наречени ‘убијци’.

Дали за Мицкоски убијци се докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека беше заразен со коронавирусот?

Дали за ВМРО-ДПМНЕ убијци се оние кои повеќе од 18 месеци пожртвувано се борат во првата линија против коронавирусот?

Го повикуваме Мицкоски да престане со лицемерно и неодговорно однесување, да ги осуди овие срамни и навредливи протести, да се огради од нив и да почне да се бори против коронавирусот, кој се победува со вакцинација.

А, сега откако мерките го предомислија антиваксерот Мицкоски да се вакцинира, редно е да ги повика и граѓаните на масовна имунизација.

Остана и неодговорено прашањето кога Мицкоски, кој се чувствувал ‘лимитиран’, ја примил вакцината, дали на почетокот на август, кога објави на фејсбук или на 31 август, кога кажа на телевизија.

Не е ништо необично за Мицкоски, политичарот без став, да се изгуби во сопствените лаги, да шири невистини.

Додека Мицкоски се однесува незрело и неодговорно и претставува опасност за здравјето на граѓаните одново ќе биде поразен на локалните избори“, изјави Васев од СДСМ.

Можете да прочитате

Царинските управи на Македонија и Хрватска склучија Меморандум за соработка  

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

НОВИ ПРАВИЛА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Без 20 евра и ETIAS нема патување во Европа