Утрински Весник
Македонија

Без вода делови од Центар

Без вода делови од Центар

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваaт дека денеска на улицата Даме Груев бб (зграда на „Интекс“) ќе се санира дефект на затворач Ф-80 мм поради што со прекинато водоснабдување ќе останат корисниците на улицата Даме Груев, потегот од улицата Димитрие Чуповски до Полициската станица Беко, и тоа од 8 часот до санирање на дефектот (општина Центар).

Исто така, денеска, поради санирање уличен дефект од ф-2 на улицата Раде Јовчевски-Корчагин бр. 26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Маџир Маало од 9 часот до завршување (општина Центар).

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ