Утрински Весник
Свет

Бајден со порака до БиХ по повод Дејтонскиот мировен договор

Бајден го критикува Трамп затоа што молчи за Лукашенко

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, се огласи новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.

„Денеска се придружувам на меѓународната заедница и на народот на Босна и Херцеговина во одбележувањето на 25-годишнината од Дејтонскиот договор, со што заврши најлошиот конфликт на европскиот континент од Втората светска војна. Денес ги славиме напорите на мировниците, но воедно и жалиме за загубата на околу сто илјади животи и раселувањето на уште милион“, изјави Бајден, а пренесува сараевскиот протал „Кликс“.

Тој додаде дека Дејтонскиот договор донел мир во Босна и Херцеговина и ги потврдил нејзиниот суверенитет, територијален интегритет и независност.

„Сепак, четвртина век подоцна, јасно е дека работата за унапредување на правдата, помирувањето и функционална мултиетничка Босна и Херцеговина останува недовршена. Често гледавме како национализмот го победува националниот интерес, односно богатање на неколкумина кое доаѓа пред реформите кои би биле во корист на стие. Оваа годишнина е приолика сите страни да размислат за можноста за посветла иднина и поторно да се одлучат на тешки, но неопходни чекори за изградбата на целосно функционална Босна и Херцеговина за сите нејзини граѓани “, додаде Бајден.

Тој заклучи дека, како претседател, очекува да работи со меѓународната заедница и народот на Босна и Херцеговина за конечно да го исполни ветувањето содржано во Дејтонскиот договор – просперитетна, праведна и демократска Босна и Херцеговина во срцето на Европа, слободна и во мир.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70