Утрински Весник
Економија

Кутија тутун проценет во погрешна класа отворена во присуство на министерот Хоџа

Кутија тутун проценет во погрешна класа отворена во присуство на министерот Хоџа

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа денеска го посети откупниот пункт за тутун на „Сокотаб“ во населба Драчево, со цел утврдување на состојбата со проценката на тутун по класи, предаден на второстепена комисија.

Како што информираат од ресорното министерство, второстепената комисија во присуство на Хоџа повторно отворила и проценила 12 кутии тутун.

При тоа само во една од оспорените кутии било утврдено дека има грешка при проценката, односно дека наместо втора класа, тутунот бил проценет како трета класа.

Министерот Хоџа ги повика сите учесници во процесот да бидат трпеливи, бидејќи само на тој начин ќе може да се дојде до решение на проблемите.

Во следните неколку дена, министерот секојдневно ќе биде присутен на терен, на различни откупни пунктови во државата.

Истовремено и Државниот инспекторат продолжува со секојдневните активности на редовна контрола на откупниот процес при што за сите регистрирани неправилности, инспекторите ќе постапуваат согласно нивните надлежностидефинирани со закон, информираат од надлежното министерство.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Славески до студентите практиканти: „Вие сте дел од иднината на централното банкарство”

Џонсон Мети во Македонија прославува 170 милиони произведени   парчиња