Утрински Весник
Спорт

Барселона донира 30.000 заштитни маски

Барселона донира 30.000 заштитни маски
300x250 (7)

Барселона, 28 март 2020 (МИА) – Фудбалскиот клуб Барселона донира 30.000 заштитни маски на каталонската Влада во борбата против коронавирусот.

Маските се произведени во Кина, а ги донираше кинеската осигурителна компанија „Таипинг“, која е регионален спонзор на Каталонците.

300x250 (7)

Од „Камп Ноу“ истакнаа дека најголем дел од маските ќе завршат во домови на стари лица, додека клубот преку својата Фондација најави нова помош во наредниот период.

Од пандемијата на коронавирус во Шпанија се заболени преку 72.000 лица, а властите досега регистрираа 5.690 смртни случаи. сѓд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“