Утрински Весник
Македонија

Од Дебар заминаа 106 од затекнатите граѓани од други градови од државава

Од Дебар заминаа 106 од затекнатите граѓани од други градови од државава
300x250 (7)

Дебар, 28 март 202(МИА) – Доцна попладнево од Дебар заминаа 106 лица кои беа затекнати со прогласувањето на кризната сосотојба во Дебар и Центар Жупа, поради корона вирусот.

Како што информираа од Оперативниот штаб станува збор за лица од други градови на Северна Македонија,кои беа сместени во хотелските капацитети на „Дебарски Бањи -Цапа“ а кои се согласиле да останат во домашна изолација уште 14 дена.

300x250 (7)

Со полицска придружба, во зависност од местото на живеење, дел заминаа преку контролниот полициски пункт на Бошков Мост, на патот кон Маврово, додека дел преку пунктот кај ХЕ„Глобочица“ на патот кон Струга.

Останатите 12 лица, странски државјани, пред се од Шведска и Албанија, Дебар ќе го напуштат според соодветен протокол во соработка со Амбасадите на земјите од каде што се.

Затекнатите лица во четвртокот попладне беа вратени од контролнте полициски пунктови поради тоа што имале само потврда од епидемиолог дека се здрави, но во договор со надлежните и согласност на лицата да останат во домашна изолација уште две недели тие доцна попладнево заминаа во своите домови.вт/см/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија

Ограбиле казино на патот Тетово-Јажинце, па полицијата ги уапси по неколку часа