Утрински Весник
Спорт

Уругвај: Отказ за селекторот Табарез и 400 вработени во Фудбалскиот сојуз

Уругвај: Отказ за селекторот Табарез и 400 вработени во Фудбалскиот сојуз

Монтевидео, 28 март 2020 (МИА) – Селекторот на Уругвај, Оскар Табарез и уште 400 вработени во тамошната фудбалска Федерација добија откази поради пандемијата на коронавирус.

На таков чекор се решија челниците на Федерацијата и покрај, само, 274 позитивни случаи на Ковид-19 во земјата.

„Се решивме на серија тешки одлуки во оваа криза за заштита на институцијата во иднина“, се вели во соопштението на ФФ на Уругвај.

Сите отпуштени ќе бидат на колективно осигурување како невработени и најверојатно ќе се вратат на своите работни места по завршување на кризата.

Табарез е на чело на репрезентацијата на Уругвај од 2006 година и оттогаш ја предводеше до полуфинале на СП 2010 во Јужна Африка и со шампионска титула на Копа Америка. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија