Утрински Весник
Спорт

Барди поради повреда го пропушта дуелот со Атлетик Билбао

Барди поради повреда го пропушта дуелот со Атлетик Билбао

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, извесен период, поради повреда, ќе биде надвор од фудбалските терени.

Неговиот тим Леванте, потврди, фудбалерот го повредил мускулот на десната нога и дека нема да биде во комбинација за натпреварот со Атлетик Билбао, кој ќе се одигра во петок.

Прашање е дали Барди ќе биде подготвен за полу-финалниот реванш, против истиот тим, кој е на програмата наредната недела.

Ова е втора повреда која сезонава го оддалечува Барди, од фудбалските терени. Претходно, тој имаше повреда на грбот, поради која не играше два месеци.

> Барди поради повреда го пропушта дуелот со Атлетик Билбао <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Покетино и Челзи ја прекинаа соработката

Димитриевски ги минал лекарските тестови и потпишал договор со Валенсија до 2028 година

Кристијано Роналдо ќе го предводи Португал на ЕУРО во Германија