Утрински Весник
Македонија

Ахмети ги кани на средба лидерите на партиите од албанскиот блок

Ахмети од Струга: На противниците им се тресат нозете од идејата за првиот премиер Албанец

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по предвремените парламентарни избори од 15 јули, упати покана за заедничка средба со претседателите на парламентарните партии од албанскиот блок.

Како што информираат од ДУИ, средбата би требало да се одржи во четврток (13 август) напладне, на годишнината на Охридскиот рамковен договор, во скопскиот хотел „Парк“.

На истата поканети се Африм Гаши од Алтернатива, Билал Касами од Беса, Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Мендух Тачи од ДПА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило – добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор