Утрински Весник
Технологија

Астрономите открија црна дупка најблиску до Земјата

Астрономите открија црна дупка најблиску до Земјата
300x250 (7)

Њујорк, 7 мај 2020 (/) – Астрономите открија црна дупка најблизу до Земјата. Нејзината локација ја откриле две светли ѕвезди, кои можат да се видат со голо око од јужната полутопка.

Црните дупки се места во вселената од кои дури и светлината не може да излезе поради силната гравитација.

Кога астрономите го проучувале со coѕвездието Телескопиум, забележале дека на една ѕвезда ѝ се потребни 40 дена за да заокружи околу скриен предмет.

Втората sвезда е оддалечена од првата и од црната дупка.

Ова беше забележано со телескоп од опсерваторијата Ла Сила во Чиле. Астрономите го опишале системот во списанието „Astronomy & Astrophysics“.

– Бевме целосно изненадени кога сфативме дека ова е првиот ѕвезден систем со црна дупка што може да се види со голо око, вели коавторот на студијата Петр Хадрава од Чешката академија на науките во Прага.

Бидејќи црната дупка нема силна интеракција со околината, не е видлива, така што само проучувањето на орбитата на ѕвездите укажа на нејзиното постоење.

– Невидлив предмет на маса најмалку четири пати поголема од големината на Сонцето може да биде црна дупка, вели Томас Ривиниус, водач на студијата и научник во Европската јужна опсерваторија.

Со текот на годините, астрономите пронајдоа десетици црни дупки на Млечниот пат. Овие дупки го откриваат нивното присуство преку насилни интеракции со околината и емисија на видливо зрачење.

Ова ново откритие на „тивка црна дупка“ би можело да биде прво од многуте, велат научниците, кои веруваат дека во животот на нашата галаксија, многу sвезди пропаднале и создале црни дупки. паг/

 

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META