Утрински Весник
Македонија

Казни од по 800 евра за пет Велешани кои го прекршиле полицискиот час

За време на викендот 17 битолчани се шетале во полициски час
300x250 (7)

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство бара пет лица од Велес кои го нарушиле полицискиот час да бидат казанети со по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.

– Основното јавно обвинителство во Велес денеска до велешкиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнени налози за пет лица кои го сториле кривичното дело од член 206 став 1 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Обвинетите биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството на Судот му предложи на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност. сст/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани