Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Згрозена сум од конструкциите што ги пласира СДСМ

Aрсовска најавува изградба на „мега-паркови“ во повеќе скопски општини
300x250 (7)

Згрозена сум од конструкциите што ги пласира СДСМ, реагира кандидатката за градоначалничка на Град Скопје Даниела Арсовска на прес конференцијата од страна на СДСМ.

„Не само што информациите изнесени на прес конференцијата не се точни, туку се безобразна политичка конструкција. Поради тоа ќе поднесам тужба за клевета до Дарко Каевски од СДСМ кој ги изнесе овие невистини. Јас не сум политичар, зад мене не стои политичка партија да ме брани, затоа ќе се бранам по институционален пат“, вели Арсовска.

300x250 (7)

Преку соопштение додава дека доколку би имала каква било дамка, лично и професионално немаше, како што вели, да се впуштам во битката за градоначалник спроти политичари кои освен црна кампања не можат да сработат ништо друго и очекувам дека ќе напаѓаат.

„Јас ниту имам фирма на мое име, ниту имам долг по основ на неплатена сметка за електрична енергија. Веќе 7 години со својот ангажман сум претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и со години несум активна во ниту една фирма“, се додава во писмената реакција.

„Повеќе од очигледен е стравот на СДСМ и Петре Шилегов дека нивното време во град Скопје завршува и дека сите злоупотреби на градот ќе бидатотворени и предмет на ревизија“, нагласува Арсовска.

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!

Маж загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Загина млад скопјанец во тешка сообраќајка, жена и две деца в болница