Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Градот Скопје овозможува поддршка со доделување електромоторни погони за инвалидски колички за лица со телесен инвалидитет

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари работен состанок со претседателот и претставници на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност на кој разговараа за проектот „Мобилна личност успешна индивидуа”, кој се реализира со поддршка на Град Скопје, како и за динамиката на неговата реализацијата.

– Овој проект има за цел да го подобри квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. На корисниците им се овозможува да се стекнат со мобилност која им е неопходна за меѓусебна соработка, вмрежување и рушење на стереотипите – истакна на средбата градоначалничката Арсовска.

Во рамки на проектот со формирање на Комисија и објава на јавен повик ќе се доделуваат додатоци на електромоторни погони за инвалидски колички на лица со телесен инвалидитет

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”