Утрински Весник
Спорт

Арсенал го потврди трансферот на Жесус

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Габриел Жесус го стави својот потпис на договорот со Арсенал. Бразилецот со клубот од Лондон потпиша договор со јуни 2027 година. Жесус реши да го го напушти Манчестер сити откако во клубот пристигна Ерлинг Халанд.

Бразилецот имаше неколку интересни понуди, но на крајот реши кариерата да ја продолжи во Арсенал и покрај тоа што тимот наредната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

„Топчиите“ за трансферот на Жесус издвоија околу 50 милиони евра. Во новиот клуб Жесус ќе ја носи „деветката“.

Заминувањето на Габриел Жесус на официјалниот сајт го потврди и Манчестер сити, а клубот од „Етихад“ му се заблагодари на Бразилецот за се што му даде на овој клуб.

Овој 25-годишен фудбалер пет сезони играше во Манчестер сити, а во Европа пристигна од Палмеирас.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028