Утрински Весник
Свет

(Видео) Поплави во Сиднеј, се евакуираат илјадници луѓе – најавени се поинтензивни врнежи

Наредба за евакуација е издадена за десетици илјади жители на Сиднеј, откако обилните врнежи поплавија неколку населби во најголемиот град во Австралија, а метеоролозите предупредија на поинтензивни врнежи.

dobivaj vesti na viber

Областа со низок воздушен притисок над источниот брег на Австралија ќе донесе повеќе дождови во текот на денот, особено во државата Нов Јужен Велс, објави „Ројтерс“.

Околу 30.000 жители на Нов Јужен Велс мора да се евакуираат, а фрустрацијата достигна врв во некои населби во Сиднеј, откако поплавите по трет пат оваа година потопија домови, фарми и мостови, додава британската новинска агенција.

„ Ова е поразително, во неверување сме. Повеќето луѓе штотуку се опоравија од претходната поплава, ги поставија своите домови, деловни активности и за жал мораме да кажеме дека тоа се повторува“ – изјави Тереза ​​Фидели, градоначалничка на градот Камден, кој се наоѓа на 65 километри од деловниот центар од Сиднеј.

Засега нема информации за смртни случаи, а надлежните ги повикаа граѓаните да ги напуштат домовите и да ги избегнуваат поплавените патишта.

Метеоролозите проценуваат дека во следните 24 часа на потег од 300 километри во Нов Јужен Велс, од Њукасл до јужниот дел на Сиднеј, би можеле да наврнат околу 100 милиметри дожд на метар квадратен.

Наврнаа повеќе од 200 милиметри дожд во многу области, а на некои места и до 350 милиметри.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток