Утрински Весник
Магазин

Аријана Гранде се сврши со Далтон Гомез

Аријана Гранде се сврши со Далтон Гомез

Аријана Гранде се огласи на Инстаграм во неделата за да го покаже својот нов дијамантски прстен на прстот, предизвикувајќи шпекулации дека нејзиното момче Далтон Гомез, со кого е во врска од јануари оваа година, сака да се ожени со неа.

Покрај неколку фотогрфии од нив заедно, и нејзината рака на која блеска прстенот, Аријана едноставно напиша: Засекогаш!

По нејзината објава, 27-годишната пејачка доби честитки од стотици фанови, а нејзиниот менаџер Скутер Браун ѝ напиша коментар на идната невеста: “Честитки за овие две неверојатни души. Ари, ве сакаме и не можевме да бидеме посреќни за вас. Далтон, ти си среќен човек”.

Извор ја потврди веста за магазинот „Пипл“: „Тие се пресреќни и многу возбудени. Ова е најубавото време за нив, и нивните родители се воодушевени“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци влегуваат во најдобриот период од годината

Кивање, солзи и замор: Сезоната на алергии ги погодува граѓаните

Македонија избира бармен за светското првенство