Утрински Весник
Магазин

Аријана Гранде и Синтија Ериво во филмска адаптација на бродвејски мјузикл

Аријана Гранде и Синтија Ериво во филмска адаптација на бродвејски мјузикл

Се чини дека дека Аријана Гранде и Синтија Ериво наскоро ќе ѝ пркосат на гравитацијата.

Гранде и Ериво ќе ги портретираат Глинда и Елфаба во адаптацијата на мјузиклот Wicked. Проектот е во продукција на „Јуниверзал пикчрс“.

Гранде е поп ѕвезда, добитничка на „Греми“.

Ериво е добитник на „Греми“ и „Тони“ за улогата на Сели во The Color Purple. Британската актерка и пејачка последен пат се појави во „Хариет“ како аболиционист и политички активист, улога за која беше номинирана за „Оскар“ во 2020 година.

И Гранде и Ериво се огласија на Инстаграм за да ги најават своите улоги во претстојниот филм.

Можете да прочитате

Ова се најинтересните хороскопски знаци

Пет летни намирници од кои можат да се направат здрави оброци 

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година