Утрински Весник
Македонија

Апасиев: Рокот за приговори тече, а уште немаме увид во записниците

Апасиев: Рокот за приговори тече, а уште немаме увид во записниците

Има рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не даваат увид во записниците, напиша на „Фејсбук“, Димитар Апасиев од Левица.

„Дури и ако дадат увид, немаш како да споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да можеш да приговараш“, додава тој.

Според него, на Левица и се урадени гласови во Ново Село, па до Кисела Вода.

„По 30-40 гласа по изборно место. Наши членови од Карпош кои гласале со цели семејства, на резултатите има 0 гласови. Тројца пратеници ни крадат у моментов“, напиша Апасиев.

Според последните податоци кои беа објавени уште утринава, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, Левица има освоено две пратенички места.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол