Утрински Весник
Магазин

Анџелина Џоли: Диверзитетот во тимот на Eternals e она што отсекогаш требаше да биде

Анџелина Џоли: Диверзитетот во тимот на Eternals e она што отсекогаш требаше да биде
300x250 (7)

Анџелина Џоли изјави дека диверзитетот во актерската екипа на „Вечните“ (оригинален наслов The Eternals) е онака како што требало да биде секогаш.

46-годишната актерка, која ја глуми Тена во претстојниот блокбастер на „Марвел“, е една од низата суперхерои меѓу кои има необични ликови, афроамериканци, и глувата актерка Лорен Ридлоф.

Ss1

Во интервју за “Вараети“, таа рече: „Она што е навистина зачудувачки е тоа што кога излеговме сите заедно, почувствувавме дека сето тоа е многу кул и дека вака требаше да биде секогаш.“

Сагата за вечните – раса на бесмртни суштества кои живееле на Земјата и ги обликувале нејзината историја и цивилизации – треба да се појави на големото платно следниот месец. Го напиша и го режира Клои Жао, режисерката на „Земјата на номадите“ – филмот кој се закити со најмногу Оскари.

Ss1

Можете да прочитате

Ова се најздравите зеленчуци на сите времиња

Мет Дејмон откри на кој актер му должи сé во животот

Принцот Хари доаѓа во Велика Британија на 10-годишнината од Игрите Инвиктус