Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Ќе мораме да ги притиснеме во Мадрид

Анчелоти: Ќе мораме да ги притиснеме во Мадрид

Реал Мадрид доживеа минимален пораз од ПСЖ, во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Според прикажаното, Реал може да биде задоволен со минималниот пораз. ПСЖ доминираа во текот на целиот натпревар, не искористија неколку добри шанси, меѓу кои пенал во 61.минута.

„Не успевавме да ја изнесеме топката, имавме многу погрешни додавања. Не натераа да играме така со високиот пресинг и тоа го правеа добро. Направија да ни биде тешко. Сега мораме ние да ги притиснеме во реваншот. Имаме негативен резултат. Во реваншот мораме да бидеме подобри кога топката е кај нас“, рекол тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Реваншот во Мадрид ќе се одигра на 9.март. Проблем за Анчелоти е што во тимот ќе ги нема Касемиро и Ферлан Менди поради жолти картони.

> Анчелоти: Ќе мораме да ги притиснеме во Мадрид <

Можете да прочитате

Американецот Тар постави светски рекорд во 110 метри со пречки

СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на отворањето

Почнува Светското фудбалско првенство 2026