Утрински Весник
Технологија

Андроид-Блутутот закана за кибер-безбедноста на корисникот

Андроид-Блутутот закана за кибер-безбедноста на корисникот
300x250 (7)

Лос Анџелес, 11 февруари 2020 (/) – Критична грешка во Блутутот за Андроид може на кибер-напаѓачите да им овозможи од блиско растојание да преземат контрола над туѓи уреди, и така да вршат злоупотреби.

Корисничката интеракција во овие напади не игра никаква улога. Пропустот е откриен неодамна. Грешката е најголема закана за верзиите „Пие“ (9.0) и „Орео“ (8.0, 8.1), кои се наоѓаат на околу две третини од Андроид уредите.

300x250 (7)

Ранливоста, односно аномалијата е присутна само кога е вклучен Блутутот, при што жртвата воопшто и не е свесна за нападот.

Безбедносниот пропуст го погодува и најновиот Андроид 10, а можеби и постари верзии од 8.0, но нив безбедносните стручњаци сè уште не ги тестирале. си/сд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META