Утрински Весник
Македонија

Струмичкиот театар учествуваше на фестивалот во Вировитица

Струмичкиот театар учествуваше на фестивалот во Вировитица

Струмица, 11 февруари 2020 (МИА) – Со претставата „Шепоти од вода“ НТ „Антон Панов“ од Струмица учествуваше на 16 издание на Виркас-Вировитички театарски средби што се одржуваат во Вировитица, Хрватска.

Претставата на струмичкиот театар e во официјална конкуренција за награда на фестивалот, кој почна изминатиот викенд и трае до 8-ми идниот месец.

Публиката ја оценила македонската претстава со оценка 4,33, што според директорот на НУЦК „Антон Панов“, Ванчо Ристов Патриков, е блиску со таа која е оценета домашната претстава „Како и секој ден“ со 4,56.

Инаку, на последното издание на Фестивалот на камерен тетар „Ристо Шишков“, што се одржува во Струмица, претставата „Шепоти од вода“ доби награда за ангажирана претстава, додека актерот на театарот од Вировитица, Драшко Зидар, ја доби наградата за најдобро актерско остварување и медалјонот со ликот на Ристо Шишков. рт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вештак на судењето на Ѓоко Ристов: Белешките на заѕиданите 350.000 евра ги пишувала неговата мајка

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено