Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Скандирањето „УЧК“ и каменувањето на полицајците не водат кон помирување

Ангелов: Скандирањето „УЧК“ и каменувањето на полицајците не водат кон помирување

Скандирањето „УЧК“, „Етничка Албанија“, мавтањето со мапи на „Голема Албанија“ како и каменувањето на полицајците кои само си ја вршеа својата работа, за време на вчерашниот протест за Монструм, не одат во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, истакна директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој е дециден дека таквите појави треба да бидат цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори.

„Иако правото на протест е неприкосновено, сепак иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди со кои за виновни се прогласени убијци и помагачи на убијци на 5 лица од кои 4 деца. И сетоа тоа без трошка сочувство кон семејствата на убиените деца“, вели Ангелов.

Тој нагласи дека сето ова е штетно е за кревкиот процес на меѓуетничко помирување бидејки вистинското помирување е двонасочен процес во кој активно и внимателно треба да бидат вклучени двете страни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На „Магистрален пат“ во Кичево сообраќајка со три жртви

207 санкции за брзо возење

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара