Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Пет хеликоптери тргнаа да го гаснат пожарот кај Пехчево, само без паника

Ангелов: Пет хеликоптери тргнаа да го гаснат пожарот кај Пехчево, само без паника
300x250 (7)

Пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно ќе го гаснат големот пожар што се заканува на околните села, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој апелира на смиреност и запазување на мерките за безбедност.

300x250 (7)

„Без паника! Безбедноста на луѓето на прво место! Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се оддалечи на безбедно. Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат! Затоа апелираме за запазување на мерките за безбедност“, посочува директорот на ЦУК

Претходно во Пехчево заседаваше Кризниот штаб на кој беа утврдени насоки на делување за справување со пожарот, кој во меѓувреме се шири и кон територијата на општина Берово.

Градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, изјави дека се преземени мерки и побарана е помош за справување со пожарот.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ