Утрински Весник
Свет

Медицинска сестра од БиХ наместо вакцина против коронавирус им ставала на луѓето вакцина против грип

Медицинска сестра од БиХ наместо вакцина против коронавирус им ставала на луѓето вакцина против грип

Медицинска сестра во Добој ставала грешни вакцини па на осум лица наместо вакцина против коронавирус им ставала вакцина против сезонски грип, но нивното здравје не е загрозено изјавија властите.

Полициската управа од Добој објави дека вработена во локалниот здравствен дом требало да ја примени вакцината на „Синофарм“, која штити од коронавирус, но наместо тоа, таа на пациентите им давала вакцина против сезонски грип на крајот од минатата недела.

Откако била утврдена грешката, процесот на вакцинација бил прекинат, по што медицинската сестра била отстранета од работа, а полицијата започнала истрага. Лекарите ги известиле граѓаните кои ја примиле погрешната вакцина и објасниле дека нема опасност по нивниот живот и здравје или какви било други можни последици.

Здравствените власти најавија внатрешна истрага за овој пропуст и потоа ќе одлучат за можните санкции.

Можете да прочитате

Кралицата Камила: Кралот Чарлс е подобар, но мора да ги намали своите должности

Полската армија нуди летни кампови како алтернативна сезонска работа

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО