Утрински Весник
Свет

Американската војска на Јадранот – носач на авиони на нуклеарен погон во хрватските води

Американската војска на Јадранот – носач на авиони на нуклеарен погон во хрватските води

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон USS Harry S.Truman денеска заплови во хрватските води, со согласност на хрватската Влада.

„Тоа е возбудлива можност за екипажот да ги запознаат жителите на Хрватска и да ја искусат нејзината историја и живописниот пејзаж“ – изјави контраадмирал Курт Реншов, командант на Осмата ударна група.

Тој потсети дека неодамна со сојузникот Хрватска во рамките на Северноатлантската алијанса учествувале на вежбата Нептун Страјк 22.

– Со нетрпение очекуваме да поминеме време со нашите домаќини на брегот – рече тој.

Американскиот носач на авиони USS Harry S. Truman веќе беше закотвен во близина на Сплит во 2015 година.

Можете да прочитате

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина

Северна Кореја и Кина најавија продлабочување на соработката поради глобалните тензии

Пентагон воведува тестирање за тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи