Утрински Весник
Политички Партии

Алијанса за Албанците поддржува прогласување вонредна состојба

Алијанса за Албанците: Земањето лекови со лични карти и физичко присуство на пациентот, е апсурдно
300x250 (7)

 

Скопје, 18 март 2020

Алијансата за Албанците внимателно го следи развојот во врска со прогласената пандемија сокоронавирусот. Исто така, внимателно ги анализиравме сите чекори што требаа да ги преземат институциите на земјата.

Ss1

Постојат дилеми помеѓу прогласување вонредна состојба и кризна состојба. Првата е предвидена со устав, а втората со закон. Првата ќе му даде апсолутна моќ на претседателот, а втората на владата.

Она што е поважно од двете, е дисциплината, одговорноста и грижата на секој од вас што мора да ја покажете за себе, за своите роднини, за својот народ! Затоа, ве молиме ограничете ги вашите движења во максимум, изолирајте се, тоа е единствениот начин за борба против ширењето на вирусот и болеста што ја предизвикува кај луѓето.

Непочитувањето на препораките дадени досега од СЗО и владата, доведоа до ситуација за прогласување на вонредна состојба.

Граѓаните на Северна Македонија со право ја сфатија вонредната состојба како нешто против нивната слобода, но ситуацијата креирана од пандемијата не остава друга опција.

Алијанса за Албанците ја поддржува идејата за прогласување вонредна состојба, но во исто време апелираме до Претседателот на државата во рамките на кризниот штабда обезбеди механизам за контрола од страна на опозицијата, а особено од албанската опозиција. Сега кога Собранието на Северна Македонија е распуштено се појавува потреба од тој механизам за контрола од страна на опозицијата во кризниот штаб, сето ова, со цел за да не се злоупотреби вонредната состојба како и да се зголеми кредибилитетот на овој штаб за сите граѓани без оглед на етничката припадност.

Алијанса за Албанците

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт