Утрински Весник
Македонија

Џафери: Владата со уредба не може да ја укине одлуката за самораспуштање на Собранието

Џафери: Владата со уредба не може да ја укине одлуката за самораспуштање на Собранието
Ss2

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Владата со уредба не може да ја укине одлуката за самораспуштање на Собранието, тоа е во единствена надлежност на Уставен суд, туку само би го пролонгирала процесот за избори и одржувањето на избори, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Прво и основно, Владата со уредба не може да ја укине одлуката за самораспуштање на Собранието затоа што тоа е во единствена надлежност на Уставен суд доколку има предуслови и аргументи за да се случи тоа. Владата со Уредба, со законска сила може да го стави во мирување решението на претседателот на Собранието за распишување избори и за определување датум за одржување на избори имајќи предвид дека тежината на решението е помала како правен акт или како административен акт (не ме фаќајте за збор терминолошки) е пониска од Уредбата со законска сила која што би ја донела Владата. Значи, во тој случај Владата само би го пролонгирала процесот за избори и одржувањето на избори, а не одлуката на Собранието. Одлуката на Собранието за самораспуштање може да ја поништи само Уставниот суд доколку има издржливи аргументи за тоа, рече Џафери на новинарско прашање на денешната прес-клонференција.

300x250 (7)

Тој уште еднаш појасни дека Собранието не може да биде повторно свикано по неговото распуштање и враќање на мандатот кај граѓаните.

-Сите ние сме свесни за состојбата и кога се работи за свесноста и институционално и професионално мислам дека во овој контекст посвесен за сите можни аспекти за состојбата од мене не би требало да ја има имајќи ја предвид и претходното искуство во смисла на тоа што значи воведување вонредна состојба, што би значело воведување воена состојба, што би значело спроведување на сево ова. Базирано на тоа искуство сметам дека Собранието не може да се собере и се исполнети условите и предусловите претседателот на државата да ги преземе надлежностите за објавување и донесување одлука за воведување вонредна состојба. Во тој контекст законодавните надлежности ги презема Владата која што треба да спроведе се и да регулира се во однос на овие ситуации, рече Џафери.

Во однос на пратениците кои продолжуваат на хартија да се пратеници и земаат плата, во оваа ситуација, рече Џафери, тоа е минорна работа, но е и прашање уредено со закон.

-Тоа е законско решение за кое што кој било што смета дека е непотребно, многу лесно може да покрене иницијатива за оценување на уставноста пред Уставен суд и Уставниот суд да се произнесе. Колку што јас знам, во минатото по ова прашање Уставниот суд се произнел и решил дека законското решение може да стои такво и стои како такво. Не е тежиштето во платите коишто ќе ги земат пратениците, затоа што никој не може да предвиди кога се самораспушти Собранието што ќе се случи со состојбите и затоа уставотворецот предвидел рок од 60 дена да се одржуваат избори. Ова е вонредна состојба и ако е тежиштето на платите на пратениците во однос на состојбата, тогаш повелете легитимно е да ја водите и таа дебата, но мислам дека никому не му служи тоа, туку треба да се сконцентрираме на тоа што е тежиштето, рече претседателот на Парламентот Џафери.

Според него, датумот кога да се одржат изборите не би требало да биде тежиште туку да се сконцентрираат сите што побрзо да се надмине оваа ситуација и што побрзо да се создадат услови за одржување избори. вг/са/

Обраќање на Претедателот на Собрание на РСМ Талат Џафери

Posted by MИА.mk on Среда, 18 март 2020

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Таравари-Ванхоуте: Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце 

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ УШТЕ ДЕНЕС И УТРЕ: Температурите ќе достигнат до 27 степени

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!