Утрински Весник
Свет

Алексеј Навални ги повикува Русите секојдневно да протестираат против војната

Алексеј Навални ги повикува Русите секојдневно да протестираат против војната

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор во Русија, ги повика Русите да организираат секојдневни протести против воената кампања на Москва во Украина, соопшти денеска неговата портпаролка Кира Јармиш.

Како што наведе на Твитер, Навални ги повика луѓето да протестираат секој ден во 19 часот и за време на викендите во 14 часот на главните плоштади во градовите, пренесува Ројтерс.

Претходно движењето на Навални повика на кампања на граѓанска непослушност во знак на протест против воената акција на Русија во Украина.

Можете да прочитате

Хакери од најголемата светска берза на криптовалути украле над шест милијарди долари

Генерален штрајк во Италија, протести во над 50 градови

Најмалку 20 загинати во руски напади врз Украина, 14 жртви на железничката станица во Днипро