Утрински Весник
Култура

Александар Прокопиев добитник на прва награда на меѓународниот хаику конкурс „Радмила Богојевиќ“ во Србија

Александар Прокопиев добитник на прва награда на меѓународниот хаику конкурс „Радмила Богојевиќ“ во Србија

Mакедонскиoт писател Александар Прокопиев е добитник на првата награда „Радмила Богојевиќ“, на истоимениот IV меѓународен конкурс за хаику распишан во Србија, организиран од страна на книжевникот Дејан Богојевиќ, на кое учество земаа дури 214 автори на хаику, од 33 држави од светот.

Меѓународното жири кое одлучуваше за наградите беше во состав: Душан Стојковиќ (Србија), Ранко Павловиќ (Босна и Херцеговина), Аленка Зорман (Словенија) и Нелица Ивановиќ Радовиќ (Црна гора)

Втората награда на конкурсот ја поделија две авторки: Ан Каран од Нов Зеланд, и Зои Савина од Грција, додека третата награда ја поделија Дитмар Таухнер од Австрија, Драган Ристиќ од Србија и Вандана Парашар од Индија.

Награденото хаику на Прокопиев, кое ја понесе првата награда:

„Со грб на езеро
пребарува мејлови.
Странец на одмор.“

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“