Утрински Весник
Свет

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица

20260228175055 big 730x400 45.webp.webp

Откако иранските државни медиуми јавија дека е покренат напад врз Дубаи, канцеларијата за медиуми на владата на Дубаи соопшти денеска дека „се случил инцидент во зграда во областа Палм Џумеира“, во кој се повредени четири лица.

Во соопштението се наведува дека тимови за итни интервенции се испратени на лице место и оти пожарот што избил по нападот сега е „под контрола“, пренесе Би-Би-Си.


Четирите повредени лица се пренесени во болница.

Палм Џумеира е вештачки архипелаг во Дубаи кој е познат по луксузни хотели, и засега не е јасно што била потенцијалната цел на Иран, иако САД се воено присутни во Обединетите Арапски Емирати.

Можете да прочитате

Трамп на вечерата со дописниците од Белата куќа: „Кога ќе заминам, сите ќе банкротирате“

Брод со 11 европски туристи исчезна кај индонезискиот остров Сулавеси

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евекуирани над 220 илјади луѓе