Утрински Весник
Македонија

Албански автобус излетал од патот Битола-Прилеп, меѓу повредените и 14-годишно лице

Албански автобус излетал од патот Битола-Прилеп, меѓу повредените и 14-годишно лице

Утрово околу шест часот и десет минути автобус со албански регистарски таблички излетал од патот Битола-Прилеп кај с. Алинци, информира МВР.

Во тој период во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Алинци, автобус со албанска национална ознака излетал од патот.

Во незгодата возачот на автобусот Л.М.(48) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, додека тројца патници М.Х.(46), Г.М.(37) и 14-годишник, сите од Албанија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

Еден час се чека за влез во Грција преку „Богородица“

Три нови случаи на западнонилска треска – прв случај регистриран и во Арачиново

Три ер трактори го гаснат пожарот на Жеден