Утрински Весник
Македонија

Албанскиот амбасадор во име на Еди Рама му ја честиташе победата на Ахмети

Албанскиот амбасадор во име на Еди Рама му ја честиташе победата на Ахмети

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во партиското седиште во Тетово оствари работна средба со албанскиот амбасадор во земјава, Фатос Река.

На средбатра Река ги пренел честитките од албанскиот премиер, Еди Рама, упатени до Ахмети во однос на победата на предвремените парламентарни избори кои во земјава се одржаа на 15 јули.

Ахмети, пак, посочил дека ДУИ нема да отстапи од црвените линии, односно Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија, но и од партиските предизборни ветувања.

„Соговорниците го оценија изборниот процес како примерен и целосно регуларен, како што прилега на земја членка на НАТО и во преговори за членство во Европската унија“, се наведува во соопштението на ДУИ.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Гордиот вазал Мицкоски се фали дека Македонија ја турка во глобална војна и ја претвора во американска колонија

Утрово без задржувања на граничните премини

Објавување на конечните ранг-листи за примени студенти на факултетите на УКИМ