Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се однесува како подвоена личност во врска со иднината на Универзалната сала

Ss2

Шилегов во мај 2018 вети, но ги излажа „златните славејчиња“, дека во новиот објект на Универзалната сала ќе го слават 50-годишниот јубилеј, обвинуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Трета година е градоначалник и нема никакви оправдувања за неговата неработа. Шилегов даваше ветувања дека Универзалната сала ќе биде реконструирана. Наместо да си ја префрла топката Влада – Град Скопје, всушност тој ја потврдува неговата изразена неспособност да решава проблеми“, се наведува во реакцијата на претставниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Шилегов се однесува како подвоена личност бидејќи еден ден вели ќе ја гради Универзалната сала, друг ден вели ќе ја руши, а третиот, како што се вели, лее крокодилски солзи за салата и пак не нуди решение.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт