Новинарот Џанлука Роса, во емисијата „Топ Калчо 24“, открил дека Антонио Конте по освојувањето на титулата со Интер, би можел да го напушти клубот.
Роса, тврди, дека Конте би се согласил да работи за помала плата, седум до осум милиони евра, но дека во исто време размислува за Тотенхем и Манчестер јунајтед.
Новинарот тврди, дека знае кој ќе го замени Конте, доколку тој реши да замине од „Џузепе Меаца“.
„Дали сте сигурни дека Масимилијано Алегри ќе потпише за Јувентус? Контактите помеѓу Марота (спортски директор на Интер) и Алегри постојат веќе подолг период. Интер му соопштија на Алегри дека тој ќе биде првиот избор доколку Конте го напушти клубот“, рекол Роса.
Интер, на осум кола до крајот на сезоната во Серија А, се лидери со 11 поени повеќе од Милан.
> „Ако Конте замине, Алегри ќе биде новиот тренер на Интер“ <