Утрински Весник
Свет

Јанша: Словенија сериозно бара решенија за Западен Балкан во ЕУ

Јанша: Пред Европа се двата најтешки месеци

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека Словенија сериозно бара решенија за развој на регионот и ЕУ-перспектива на земјите од Западен Балкан, но дека некои наводи се обидуваат да ја спречат таа цел.

Тој се јави на својот профил на „Твитер“ по повод пишувањето на медиумите во БиХ дека му предал „нон-пејпер“ на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во кој, наводно, најавил дека еден од приоритетите ќе биде завршувањето на распадот на Југославија.

Јанша изјави дека последен пат се сретнал со Мишел минатата година и додаде дека тешко дека физички можел да му предаде нешто во февруари или март годинава.

Претходно денес, „Фена“ објави дека членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, потврдил дека словенечкиот претседател Борут Пахор, при неодамнешната посета на Сараево, изјавил дека во последно време во Европа се зборува дека треба да се доврши распадот на Југославија.

Можете да прочитате

МСП му нареди на Израел да обезбеди информации за евакуацијата и испораката на помош во Газа

Пелегрини за Фицо: Лекарите не планираат нови операции, конзилиум во понеделник

Индонезија прогласи највисоко ниво на тревога поради серија ерупции на вулканот Ибу