Утрински Весник
Македонија

Адеми: Инвестирањето во децата е наш главен приоритет

Адеми: Инвестирањето во децата е наш главен приоритет

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Денес за децата од сите возрасти се бара внимание од родителите, државата и воопшто од општеството, порача министерот за образование и наука Арбер Адеми по повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни.

На својот фејсбук-профил Адеми истакнува дека овој ден не треба да се одбележи само како празничен, туку, како што вели, „да ни служи како ден на сензибилизирање да кажеме НЕ за секакво насилство и злоупотреба кон децата“.

-Секако, нашата поддршка за децата нема да изостане никогаш и инвестирањето во нив ќе биде наш главен приоритет, бидејќи инвестирањето во децата е инвестиција во иднината на земјата, напиша Адеми на Фејсбук. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗР: Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата  

Чавушоглу: Oд Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци

Филков до опозицијата: Во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот