Утрински Весник
Свет

Авторката на Хари Потер со поддршка за Ружди, па доби закана: Ти си следна

Џеј Кеј Роулинг – авторката на Хари Потер се огласи на Твитер по нападот врз писателот Салман Ружди, па доби јавна закана во еден од коментарите под нејзината објава.

dobivaj vesti na viber

„Ужасни вести. Ова ми се гади. Нека е добро“ – напиша Роулинг по веста за нападот на писателот.

Еден коментар од профил по име Меер Асиф Азиз, кој се опишува себеси како „студент, социјален и политички активист и истражувач“ гласеше: „Не грижи се, ти си следна“.

Роулинг направи скриншот од коментарот, го објави на Твитер и ја означи поддршката за корисници на социјалната мрежа.

„Ова се ваши упатства, нели? напиша таа на Твитер наведувајќи ја нивната политика за закани и говор на омраза.

„Благодарам на сите што ми испраќаат пораки за поддршка. Полицијата е вклучена (и веќе беше вклучена поради претходните закани)“ – напиша таа.

Ова не е прв пат Роулинг да се соочи со закани преку Интернет.

Авторката на Хари Потер пред две години се најде во центарот на скандал поради нејзината наводна трансфобија.

Можете да прочитате

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции

Зеленски го смени премиерот и предложи жена на премиерската функција