Утрински Весник
Свет

Најголем раст на платите во Бугарија во образование, најслабо платени се вработените во хотелската индустрија

Просечната месечна бруто-плата во вториот квартал од 2022 година во соседна Бугарија изнесува 1.730 лева (884,09 евра). Има зголемување од 7,8 отсто во однос на првиот квартал, објави Националното биро за статистика, пишува порталот „novinite.com“.

dobivaj vesti na viber

Економските дејности кај кои е забележан најголем пораст се образованието со 16,2%, земјоделството, шумарството и рибарството со 15,5% и рударската индустрија со 14,6%.

Во областа на здравството и социјалната работа е забележано намалување на платите за 2%.

Економските активности со највисока просечна месечна заработка на вработените во вториот квартал од 2022 година се:

– Креирање и дистрибуција на информации и креативни производи; телекомуникации – 4.216 лева;

– Финансиски активности и дејности на осигурување“ – 2.739 лв.;

– Рударска индустрија“ – 2.544 лв.

Најслабо платени се лицата вработени во стопански дејности:

– Хотелска индустрија – 1.058 лв.;

– Други дејности – 1.185 лв.;

– Испорака на вода; услуги за канализација, управување со отпад и обновување – 1.262 лв.

Просечната бруто-месечна плата за април 2022 година е 1.771 лева, за мај 1.708 лева и за јуни 1.710 лева.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“