Утрински Весник
Економија

Австрија зафатена од најтешката рецесија од Втората светска војна

Австрија зафатена од најтешката рецесија од Втората светска војна

Виена, 26 јуни 2020 (МИА)  – Пандемијата на коронавирусот на Австрија и донесе досега невиден пад во економијата од седум проценти, со рекордна стапка на невработеност и буџетски дефицит од околу 10 проценти, прогнозираат економските институти Вифо и ИХС.

„Тоа ќе биде длабока, но кратка рецесија“, истакна институтот Вифо, додавајќи дека растот е ограничен на само два квартала, така што економијата следната година не ќе може да го достигне нивото од пред кризата.

Економскиот раст за следната година се предвидува на четири до шест проценти.

Во совладувањето на кризата, економската политика, како што сугерираат експертите, треба да се фокусира на зајакнување на секторите на растот, бидејќи тие, исто така, ја овозможуваат и неопходната консолидација на буџетот.

Истовремено, експертите на Вифо и на ИХС предупредуваат дека вториот бран на коронавирусот може да значи уште поголемо намалување на БДП-то на земјата . сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“