Утрински Весник
Свет

Австрија ги укина сите мерки за ковид

Img 5587

Австрија од полноќ ги укина сите правила за корона за влез во земјата, поради поволната епидемиолошка состојба.

Ова значи дека сега сите патници кои сакаат да одат во Австрија повеќе не мора да носат потврда за вакцинација, потврда за прележан ковид или негативен тест.

Img 5587

Новиот режим на влез во земјата важи за граѓаните ширум светот, бидејќи ниту една од нив не е наведена на списокот на земји и региони со поголем ризик од зараза, според новата регулатива на австриското Министерство за здравство.

Туристичките работници и угостители со недели бараат од австриската влада да го укине режимот „3G“ за влез во земјата. Тие посочија дека многу земји веќе ги укинале сите мерки и дека би било лошо туризмот да го задржи режимот за влез во Австрија.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина