Утрински Весник
Свет

Австралија евакуираше десетици илјади луѓе поради поплавите

Австралија евакуираше десетици илјади луѓе поради поплавите

Десетици илјади Австралијци ги напуштија своите домови, а властите денеска евакуираа една болница бидејќи уште пообилни врнежи го погодија источниот брег.

Тринаесет лица загинаа, а последните четири смртни случаи се забележани во градот Лизмор во Нов Јужен Велс, кој беше најтешко погоден од страшните поплави кои однесоа бројни домови и прекинаа далноводи, пренесува Ројтерс.

Невремето се очекува да го погоди Сиднеј во текот на денешниот ден, каде живеат повеќе од пет милиони луѓе, а издадени се предупредувања за можно големо излевање на река на западот од градот.

Можете да прочитате

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот