Утрински Весник
Македонија

АВМУ: Отворена јавна расправа за Нацрт-Упатство за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021

АВМУ: Отворена јавна расправа за Нацрт-Упатство за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021

На денешната седница Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги усвои Нацрт-Упатство за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021.

Во него, како што велат од Агенцијата, се утврдува начинот на примена на членот 75-ѓ ставови 1 и 2 од Изборниот законик за Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, со цел да се обезбедат прецизни правила за дозволеното времетраење на платеното политичко рекламирање на реален час емитувана програма кај радијата и телевизиите.

Агенцијата ги повикува сите регистрирани политички партии, независни кандидати за градоначалници/советнички листи, радиодифузери и други заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата [email protected]

Јавната расправа е отворена до 16 септември 2021 година.

Нацрт – Упатството за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021 е достапно на веб страницата на Агенцијата.

Можете да прочитате

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како ‘бесплатно’

Дилеми во образовниот систем: Дали Македонија треба да ја укине деветолетката?

ЛДП: „Нула денари” е најскапата лага – Владата призна „Рекет на стероиди” со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!