Утрински Весник
Свет

Холандската влада не наметнува обврска за носење маски: „Не е докажано дека се ефикасни“

Холандската влада не наметнува обврска за носење маски: „Не е докажано дека се ефикасни“

Холандската влада соопшти дека нема да им препорачува на граѓаните да носат заштитни маски против ширењето на Ковид-19, сметајќи дека нивната ефикасност не е докажана.

Наместо тоа, владата ќе бара од граѓаните построго да ги почитуваат мерките за физичко растојание, бидејќи оваа недела бројот на заразени е во пораст, рече министерката за здравство, Тамара ван Арк.

„Бидејќи ефикасноста на маските не е докажана од медицинска перспектива, кабинетот одлучи дека нема да има обврска за носење заштитни маски“, рече министерката врз основа на анализа на извештајот од Институтот за јавно здравје.

Оваа одлука е во спротивност со мерките во други европски земји кои воведоа обврска да се носат маски во затворен простор, па дури и на отворени јавни места, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на холандскиот Национален институт за здравство рече дека некои студии покажуваат оти маските помагаат во забавување на ширењето на вирусот, но дека холандските здравствени власти не се убедени оти маските би помогнале да се спречи ширењето на тековната епидемија во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакери во Берлин објавија украдени податоци откако градот одби да плати откуп

Фронтекс за првпат распоредува патролен брод во Ламанш

САД соопштија дека собориле 11 дронови поврзани со наркокартели на границата со Мексико, користејќи ласерско оружје