Утрински Весник
Спорт

ФИФА подготвува казни за инцидентите во Англија и Албанија

ФИФА подготвува казни за инцидентите во Англија и Албанија
Dik 300x250 mk

ФИФА ги анализира инцидентите кои се случија на квалификациските натпревари, за пласман на Светското првенство, помеѓу Англија и Унгарија (1:1) односно Албанија и Полска (0:1).

Унгарските навивачи се тепаа со редарите на Вембли, посериозни инциденти спречи полицијата. Тепачката настана откако унгарските навивачи со свирежи го испратија клечењето на англиските репрезентативци пред почетокот на натпреварот.

Поради расизам, Унгарија неодамна доби казна од УЕФА. Три натпревари ќе игра пред празни трибини, но казната на УЕФА.

Натпреварот во Тирана, помеѓу Албанија и Полска беше прекинат 30 минути. Прекинот се случи во 77.минута кога албанските навивачи со разни предмети започнаа да фрлаат по Полјаците кои го славеа голот на Свидерскиј.

„ФИФА најостро ги осудува инцидентите во Англијаи Албанија. Сакаме јасно да го кажеме нашиот став дека сме против насилството и дискриминацијата“, се наведува во соопштението на ФИФА.

> ФИФА подготвува казни за инцидентите во Англија и Албанија <

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата