Утрински Весник
Магазин

Брза и здрава пица по рецепт на Марта Стјуарт, вистински хит на интернет

Брза и здрава пица по рецепт на Марта Стјуарт, вистински хит на интернет

Брзи, здрави и вкусни: ваквите јадења се секогаш популарни. Овој рецепт на Марта Стјуарт е токму тоа. Идеален е за задоволување на гладот и е многу вкусен.

Ако чувствувате глад помеѓу два оброка, потребно ви е „засилување“. Гуруто за животен сил Марта Стјуарт го има вистинскиот рецепт само за вакви случаи.

Тоа е брза пица, односно лепиња наполнета со многу зеленчук по ваш избор. Се е полиено со моцарела и сино сирење и збогатено со прелив од сенф, наместо сос од домати типичен за пица. Овој рецепт не бара многу подготовка. Коментарот на Марта за здрава пица од лепиња: „Никој нема да забележи дека всушност имате салата за вечера!“

Овој рецепт стана вистински мал хит на Интернет, а оние што го користеле велат дека брзата пица излегува одлична и многу вкусна.

Пица со печен зеленчук

Состојки

3 лажици црвен вински оцет, 2 лажички дижон сенф, 2 лажички свежо сечкано оригано, сол, бибер, 2 лажици маслиново масло, зеленчук по избор (на пример, печурки, тиквички, кељ, модар патлиџан, црвен кромид), 4 лепињи (или наан), 2 топчиња моцарела, 80 гр сино сирење, по избор: мелено чили.

 

Подготовка

1.Во сад измешајте оцет, сенф и оригано. Зачинете со сол и бибер и полека мешајте го маслото. 2. Исечете парчиња зеленчук по големина по избор и премачкајте со малку масло. Потоа печете го зеленчукот на скара или во рерна на 180 степени додека не омекне. 3.Наредете околу 2/3 од моцарелата на лепињите, а потоа рамномерно распоредете го печениот зеленчук. Посипете со преостанатата моцарела и сино сирење и ставете ги лепињите за пица во рерна. Печете додека сирењето не се стопи и рабовите станат убави и крцкави. 4. По печењето, истурете го подготвениот сос (прв чекор) врз пиците и послужете веднаш. Ако сакате, можете да посипете со чили.

Можете да прочитате

Зголемувањето на бројот на хибридни волци може да доведе до исчезнување на европскиот волк

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Пирамидите во Мексико откриваат тајни од древната историја