Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден работник при поставување цевковод во Булачани, Скопско

Тешко повреден работник при поставување цевковод во Булачани, Скопско

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Четириесет и петгодишниот С.Р. од село Идризово, Скопско, се здобил вчера со тешки телесни повреди при извршување работи за поставување цевковод во село Булачани, кај Скопје.

Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен вчера во 16.00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница во Скопје каде  бил донесен повредениот работник со тешки телесни повреди.

Увид бил извршен на самото место, а за настанот бил запознаен Трудов инспектор. вг/скс/

Фото: МИА Архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура – шефот и банкарот на ОКГ

Претседателот на ТХП, Енес Ибрахим во Анкара на основачкиот конгрес на Yeni Parti

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор