Утрински Весник
Македонија

Стојаноски: Зошто Вице Заев е забранета категорија за институциите?

Стојаноски: Зошто Вице Заев е забранета категорија за институциите?

Зошто Вице Заев е забранета категорија за институциите господине Љупчо Николовски, праша на денешната седница за пратенички прашања пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Во текот на вчерашниот ден, посочи Стојаноски, бевме сведоци на една нова афера, по признание на сопственици на компанијата „Рубитон” дека за да продолжат да работат во РЕК Битола требало да дадат мито од 250 илјади евра на лицето Вице Заев, кој по некоја случајност е брат на премиерот Зоран Заев.

„Целата ситуација и текот на настаните е опишан во пријавата на сопствениците на компанијата, кои ја поднеле до МВР. Во документот јасно стои како била постапката, кој го повикал, кој му се јавил на ‘Вибер’, кој ќе дошол во Битола, точен датум, точно време, точна локација и точна цифра. За по некое време таа изјава да биде променета. Идентична прва страна, а променет записник. Ги поседувам документите и после говорот ќе ви ги предадам на Вас господине Николовски“, изјави од говорницата Стојаноски.

Toj го праша вицепремиерот дали ќе го повика Обвинителството да постапи и да отвори истрага.

„Дали ОЈО ќе ги одземе мобилните телефони и ќе ги провери? Ви давам два записник и Вие слободно однесете ги во Обвинителството. И на крајот, дали некој ќе одговара за фалсификување на овој очигледен записник“, запраша Стојаноски.

Можете да прочитате

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Ведро, особено на планините и Скијачките центри, магливо по котлините!

Вечерва нова забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Ристовска била експерт предавач на Универзитетот за туризам и затоа немало конфликт на интереси, вели претседателката на ДКСК